ВО ПАРИЗ Е ИСТРЧАНО НАЈТЕСНОТО ОЛИМПИСКО ФИНАЛЕ НА 100 МЕТРИ, РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ЗЛАТОТО И СРЕБРОТО БЕШЕ 0,005 СЕКУНДИ

Париз, (Гардијан)

Американскиот спринтер Ноа Лајлс ја освои титулата на 100 метри во најдраматичното финале во олимписката историја, во кое што разликата помеѓу златото и среброто беше само 0,005 секунди. Дваесет и двегодишниот Лајлс и Јамајканецот Кишане Томпсон стигнаа на целта со идентично време од 9,79 секунди, но фото-финишот покажа дека Американецот бил побрз за пет илјадити дела од секундата.

Трет беше светскиот првак Фред Керли од САД со време од девет секунди и 81 стотинка.

Тој беше во четвртата, јас во седмата патека и не можев да видам што се случува. Продолжив да трчам како да победувам и нешто ми кажа дека треба да се наведнам. Беше лудо“, изјави Лајлс, чиј тренер е Карл Луис.

Сите осуммина финалисти трчаа под десет секунди (Фото: Гети)

Лајлс беше на последното место по првите 30 метри откако немаше доволно експлозивен старт, но последните метри ги истрча како брз воз. Официјалните резултати покажаа колку беа блиску: Лајлс – 9,784, Томпсон – 9,789 секунди.

Сите осуммина финалисти трчаа под десет секунди, па легендарниот Мајкл Џонсон го опиша финалето како најдобро во историјата. Ова може да се спореди само со финалето на ОИ во Москва во 1980, кога Алан Велс го победи Силвио Леонард за 76 милиметри.

(Фото: АП)