Во Париз започна да се практикува јога со домашни миленици, за која инструкторите велат дека е ефикасна терапија против стрес. Сесиите во неодамна отворениот центар за јога со кучиња вклучуваат 20 минути јога и 40 минути интеракција со милениците.
Основачот Ела Рубински рече дека концептот е погоден за Париз, каде што доста луѓе работат многу часови и живеат во мали станови.
„Многумина од нас немаат време да си ги шетаат кучињата секој ден, така што ова е можност да поминат малку време релаксирајќи се“, изјави таа за „Ројтерс“.
Центарот нуди неколку сесии неделно и чинат по 35 евра, а следниот месец ќе поскапат на 45 евра. Рубински отвори уште еден центар за јога со кучиња во Мадрид и се надева дека ќе отвори повеќе центри во Франција во текот на 2024 година.
(Фото: Гети)