ВО ШИБЕНИК ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПОЕТСКА ВЕЧЕР ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Шибеник, (Шибеник ИН)

Вечерва од 19 часот, во Прес центарот на Шибеник, Хрватска, ќе се одржи комеморативно-културната манифестација „По патот на пишаниот збор“, во чест на жртвите на пожарот во дискотеката во Кочани. По повод 21 март, Светскиот ден на поезијата, Хрватско-македонската тангента организира вечер на поезија во спомен на загинатите.

„Со писма и поетски интерпретации ќе им оддадеме почит на жртвите на трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Во време кога се сеќаваме на трагедијата што погоди толку многу семејства, сакаме преку уметноста да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на изгубените млади животи“, велат од Хрватско-македонска тангента.

Покровител на настанот е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.

Фото: К. Попов