ВО СКОПЈЕ ПРОЕКЦИИ НА ТРИ ДОКУМЕНТАРЦИ ЗА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Од денеска (18 јуни) до четврток (20 јуни), во „Котур кафе и филм“ во Скопје ќе има проекции на документарни филмови за правата на ЛГБТИ заедницата, во организација на Холандската амбасада во Македонија.

Од 20 часот ќе бидат прикажани три наградувани документарни филма: „Нели и Надин“ (Шведска, Норвешка, Белгија), „Лесвиа“ (Грција) и „Мама беарс“ (САД). Првите два филма беа дел од минатогодишната селекција на фестивалот Македокс.

Влезот е бесплатен, а по проекциите ќе има и неформална дискусија.

Петтото издание на Парадата на гордоста во Скопје ќе се одржи на 22 јуни (сабота) под мотото „Спектакуларно непослушни“.

Фото: Сцена од „Нели и Надин“