ВО СКОПЈЕ СЕ СЛАВЕА РАЗЛИЧНОСТИ И ЉУБОВ НА ВТОРАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во разигран и позитивен тон помина втората Парада на гордоста во Скопје, настан кој слави, но и се бори за различности, љубов, еднаквост и слобода.

(Фото: Ѓ. Личовски)

Под слоганот „Вон ѕидовите“, на чело со огромно знаме во боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата, стотици луѓе маршираа низ центарот на Скопје, без провокации, проблеми и инциденти. Маршот тргна од паркот Жена борец, а крајната дестинација беше Школка во Градски парк, каде што заврши со музичка програма. 

(Фото: Ѓ. Личовски)

Парадата, чие прво издание се одржа пред две години, е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

(Фото: К. Попов)
(Фото: Ѓ. Личовски)
(Фото: Ѓ. Личовски)
(Фото: Ѓ. Личовски)