ВО ВЕЛЕС ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „КРУЖНИ ПОВРЗУВАЊА“ НА ПЕТРА ЈОВАНОВСКА И ДВАЈЦА НЕЈЗИНИ ГОСТИ ОД ЧЕШКА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложба на дела од Петра Јовановска и двајца нејзини гости, Шарка Цоганова и Вит Павлик, сите од Чешка. На изложбата насловена „Кружни поврзувања“ се претставени вкупно 32 дела, работени во различни техники.

Моите дела се диптиси и полиптиси. Подолго време го истражувам кругот, патувам низ него, пробувам да избегам од него. Но, сè уште не сум успеала да се оттргнам од кругот. Тој за мене има голема симболика, бидејќи тој е сонцето, Земјата, вселената. Ако се погледне поинаку, тој е животен циклус, денот, месецот, годината. Сè што доживувам во текот на денот, го вметнувам во кругот, иако е единствен по геометриска форма“, кажа Јовановска, која е графичарка и слободна уметница.

Павлик се претставува со акрил, а Цоганова со монотипија, преод од класична до експериментална графика.

Изложбата ја организира Народен музеј од Велес. На истиот ден пред шест години, Јовановска и група нејзини чешки колеги се претставија на истото место.

П. ПЕЧКОВ