ВО ЗАГРЕБ ОТВОРЕН МУЗЕЈ ПОСВЕТЕН НА НОВИОТ БРАН НА ЕКСЈУ МУЗИКАТА ОД 1980-ИТЕ

Загреб, (Индекс)

Музеј посветен на новиот бран се отвори во Загреб и во овој мултимедијален простор се изложени бројни предмети, фотографии, плакати и други документи од крајот на 1970-ите и 1980-ите.

„Сакавме да ги овековечиме страста, љубовта и полетот од 1970-ите и 1980-ите, кога Загреб беше европска престолнина на музиката, а најпрестижните музички списанија пишуваа за она што се случуваше во Загреб, Белград, Љубљана и Нови Сад. Тие десет години уметнички бум во Загреб заслужуваат еден музеј“, изјави еден од неговите основачи Александар Чрчек.

Музејот е опремен благодарение на донациите од бројните протагонисти на тоа време, како музичари, писатели и други уметници.

Меѓу изложените артефакти се плакати кои повикуваа на концерти во популарните клубови „Лапидариј“, „Кулушиќ“ и „Јабука“, потоа ракописи на песни, стрипови и примероци на списанието „Полет“. Музејот, кој изгледа како мал рок клуб, е од отворен тип, па секој може да придонесе со предмети од таа доба.

(Фото: Глазба.хр)