ВРАБОТЕНИТЕ ВО МУЗЕИТЕ ДОБИЈА ВОДИЧ КАКО ДА СОРАБОТУВААТ СО ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Музејот на Македонија вчера беше промовиран „Водич за лица со попреченост при музеите“, преку кој вработените во музеите ќе може да се стекнат со сознанија за лицата со попреченост и согласно тоа, да го направат просторот попристапен за нив.

„Патот на лицата со попреченост, покрај родителите, во голема мера го определуваме и ние, стручните работници, чија определба ни се токму овие лица. Ако уште од најмала возраст знаеме да им дадеме соодветна заштита и едукација, ако знаеме правилно да ги насочиме, резултатите нема да изостанат“, рекоа авторките на водичот, Емилија Георгиева и Сузана Марковска.

К. СЕЛАМОВСКА