На летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје денеска се одржа првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест“.
Најмалите уживаа во забавната програма и во детското катче „Бибиверзум“, каде што се одржа креативна работилница со цртање. Децата се забавуваа гледајќи модерни танци со маскоти кучиња.
Оние кои дојдоа со своите миленици, на штандовите добија сумплементи за исхрана, а имаше и штандови за одржување на хигиената на милениците.
Единицата за службени кучиња К9 на Министерството за внатрешни работи демонстрираше детекција на дрога и недозволени супстанци.
Претставници од средното Ветеринарно училиште во Скопје зборуваа на темата „Зошто да станам ветеринар“. Слушнавме приказни за жителите на ЗОО Скопје, егзотични инсекти и за птици грабливки, како и совети од ветеринар.
Фестивалот завршува со проекција на македонскиот филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ и диџеј настапот на Соња Исмаил.
М. ЏАРОВСКА