ЗАЕВ И ЦИПРАС НАПРАВИЈА СЕЛФИ, ПА ГИ ОБЕДИНИЈА БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ДВЕТЕ ЗЕМЈИ НА ИСТОРИСКАТА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Девет месеци по потпишувањето на Преспанскиот договор и три месеци по неговата ратификација во парламентот во Атина, Македонија и Грција направија нов исчекор во подобрувањето на меѓусебните односи со посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Скопје. Првпат од осамостојувањето, еден грчки лидер дојде во официјална посета на Македонија, сега под новото име Република Северна Македонија и во духот на модерното време, двајцата премиери прво направија селфи пред зградата на Владата.

Селфи за почеток на историската средба (Фото: Ѓ. Личовски)
  • Ципрас во Скопје поведе десет министри и повеќе од 100 бизнисмени, а беше придружуван и од својата партнерка Бети Базијана.
  • Заев и Ципрас одржаа тричасовна средба во Владата, на којашто беше потпишан меморандум за соработка помеѓу министерствата за одбрана на двете земји. Тој, меѓу другото, предвидува Грција да врши надзор на безбедноста на воздушниот простор над Македонија.
  • „Ние сакаме сосед кој е политички стабилен и просперитетен, само така ќе се чувствуваме безбедни“, кажа Ципрас.
  • Заев и Ципрас договорија и отворање нов граничен премин, кај Кавадарци.
  • Двајцата премиери го предводеа бизнис форумот во хотелот „Александар палас“, на кој учествуваа вкупно 400 стопанственици од двете земји, од кои 100 од Грција.
  • Потпишан е договор за формирање комитет за заеднички економски прашања.
  • Најавено е дека Македонија ќе се поврзе на грчкиот гасовод, со што ќе биде дел од интерконтинентален гасовод, што ќе оди преку Србија и Романија.
  • „Со овој бизнис форум обновуваме еден историски простор, на кој нашите две земји се упатени на трговска и културна соработка. Денеска е формиран висок совет за соработка помеѓу двете земји и тоа е јасен знак дека се решаваат отворени прашања за еден нов Балкан. Ова се среќни моменти за уште посреќна иднина на народите од нашите пријателски земји“, изјави премиерот Заев.