Детскиот фестивал Златно славејче закажа уште една претстава за утре (18 ноември) од 14 часот во Филхармонијата. Директорот на фестивалот Бобан Јосифовски вели дека поради голем интерес е закажана уште една претстава.
Останатите ќе се одржат утре и задутре (17 и 18 ноември) од 10, 12 и 19:30 часот. Настанот кој се одржува по 53. пат е најстариот детски музички фестивал на Балканот и втор најстар во Европа.
Секоја година традиционално почнува со „Песна за Скопје (Градот убав)“ и завршува со „За сите деца“. Композитор на двете песни е Александар Џамбазов, еден од основачите на фестивалот. Текстот за „Песна за Скопје“ го напишал Бошко Смаќоски, а за „За сите деца“, Васил Пујовски, кој од почетоците бил дел од фестивалската организација.
Билетите по цена од 500 денари се продаваат онлајн и преку продажната мрежа на mktickets.mк.