Започна пријавувањето за 19. издание на Визер Скопски маратон, кој оваа година ќе се одржи на 1 октомври (недела). Покрај самиот маратон, и оваа година ќе се трчаат полумаратонот, штафетниот маратон „ЕУ со тебе“ и трката на пет километри.
Рокот за пријавување е поделен во три бранови: првиот рок за маратонот, полумаратонот и за штафетниот маратон е до 15 мај, вториот рок за сите четири трки трае до 25 јули, а потоа последната шанса за пријава е до 20 септември. Пријавувањето се одвива преку официјалната веб страна на настанот skopskimaraton.com.mk.
Организатор на Скопскиот маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички. Секој учесник ќе добие вредносен ваучер од 20 евра од главниот спонзор „Визер“.