ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ВО СВЕТОТ НА НАУЧНАТА ФАНТАСТИКА“ НА ЉУБОМИР МИХАЈЛОВСКИ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Велешкиот автор Љубомир Михајловски ја промовираше неговата книга „Во светот на научната фантастика“, дело од областа на теоријата и историјата на научната фантастика.

„Научната фантастика не е бегство од реалноста. Таа ни дава насока кон она што треба да се стремиме, кон една идеална сцена или нè предупредува што да избегнуваме“, кажа Михајловски.

Во книгата детаљно е обработена фантастиката во повеќе области, како музика, филм, литература и стрип.

Промотор беше Миле Костов, кој кажа дека делото содржи значајни податоци за историјата на научната фантастика во светот и кај нас. Смета дека оваа област е опширна и недоволно истражена.

П. ПЕЧКОВ