ФЕСТИВАЛОТ „КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ“ ОДИ ВО ФИЛХАРМОНИЈА

Скопје, (СМАРТСДК.МК)

Скопскиот фестивал „Крај Вардарот џез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Македонската филхармонија. Третото издание се отвора со концерт на „Спејс трио“ од Бугарија и српската „Ејот“ од Ниш.

„Спејс трио“ се Живко Братанов – пиjано, Георги Ангелов – перкусии, Васил Хаџигрудев – контрабас. Специјално за настапот во Скопје на составот ќе му се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ („Светлост“, „Одрон ритуал оркестар“).

„Ејот“ е веројатно најреномираниот српски џез состав во последнава деценија, формиран во 2008, фронтмен е виртуозот на клавир Дејан Илијиќ, а свират и Милош Војводиќ на тапани, Марко Стојилковиќ, бас и Слаѓан Миленковиќ на гитара.

На втората вечер ќе свири „Секстат“ од Скопје, која ќе одбележи 30 години постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во досега невидено издание, надградени со неколку извонредни локални музичари, во форма на вистински оркестар. Пред „Сетстат“ ќе свири „Тока Шитет“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата „бла бла бла“ со соло изведба на авторска музика на шаркија.