ЗДРАВО МЛАДИ ПО 11. ПАТ ВЕЧЕРВА ВО ПАРКОТ НА МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва по 11. пат почнува  музичкиот фестивал Здраво млади, а годинава ќе се одржи  согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор.

Вратите се отвораат во 18 часот.

На две бини посетитителите ќе можат да ги проследат Hercules & Love Affair, шпанските пост-панкери Belgrado, KOIKOI од Белград, Murman Tsuladze со магичниот килим од Грузија, мистериозниот романтик од Хрватска – Peki Pele,  Shortparis од Русија, домашните Луфтханза, ИСКРА и Blackstate и Ирецот диџеј Фиц.

Покрај музичката програма, ќе има и изложба на Бранкица Јордановска насловена „Маска или преобразба на изопаченото“. Исто така, ќе бидат изложени сите постери од Конкурсот за официјален постер  на фестивалот на кој победи Катја Штркова.