ЖЕНСКИОТ ХОР „ФРИДА“ СО ДОБРОТВОРЕН КОНЦЕРТ НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Женскиот аматерски хор „Фрида“ вечерва (13 јули) ќе одржи концерт на Скопско лето, во  20:30 часот во Музеј на македонската борба.

Диригенка и уметничка раководителка е Сузана Турунџиева.

На програмата на концертот ќе бидат изведени светски хитов и обработки на македонски евергрини, како: „Свири ми свири“, „Еден бакнеж“, „Роза сина“, „Бакни ме нежно“, „Галебе мој тажен“, „Есенска роза“.

За време на концертот, на тема „Фрида Кало – уметност која непрестајно инспирира и мотивира“ ќе биде поставен изложбен штанд со рачни изработки, изработени од хористките и од Турунџиева, кои ќе се продаваат. Средствата кои ќе бидат соберени ќе бидат наменети за, како што велат од Хорот, „ Некоја Фрида од нашето секојдневие која се соочува со здравствени предизвици“, а и се потребни за лекување.

Хорот го сочинуваат околу 60 хористки аматери, со големо хорско искуство.