ЧАКАМ ТЕ СОС БУЈНА СТРАСТ, ЗЛАТНА БУБА МАРА НАЈАВИ ПРИРЕДБА НА 24 ФЕВРУАРИ В ГОДИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Златната Буба Мара на популарноста ќе се одржи на 24 февруари идната година во ВИП aрената „Борис Трајковски во Скопје“.

Организаторот вели дека откако ги затворија Универзална сала и Метрополис арена, им остана уште салата „Борис Трајковски“ и затоа 21. издание на музичко-сатиричното шоу се сели таму.

Во манир на нивниот хумор, во соопштението ја повикуваат публиката на добра забава, иако, како што велат, нема чист воздух и подобар живот.

Чакам те да дојдеш, чакам те сос бујна страст – нова власт, со иста сласт. Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан. Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете, колку и да трае – че си седите!!“, стои, меѓу другото, во соопштението.

Дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн продажба на 20 декември преку mktickets.mk.

Лани беше срушен рекордот во онлајн продажба, кога за само пет минути имаше барања за 12.000 билети. Билетите беа продадени за рекордни пет минути, оваа година нека се продадат за две“, велат од Златна Буба Мара на популарноста.