ЗОРАН СПАСОВ-ЅОФ ЌЕ ГИ ДОНИРА ПАРИТЕ ОД ПРОДАЖБАТА НА КНИГАТА „ЦЕПАЈ СИНЕ“ ЗА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Авторот Зоран Спасов-Ѕоф и издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ги дадат сите пари од продажбата на книгата „Цепај сине“ во хуманитарни цели.

„Со средствата од оваа хуманитарна акција ќе се изградат катче за игра и детска библиотека за пациентите на Универзитетска клиника за детски болести во Скопје“, вели Спасов.

„Цепај сине“ излезе на крајот на октомври, а Спасов и претходно донираше средства од продажбата на своите книги. Акцијата важи и за онлајн нарачките кои се прават на [email protected] или во „Литература.мк“. Компаниите можат да платат и преку фактура.