Ако постојано сакаме да ги задоволуваме потребите на другите, самите си наштетуваме и тоа може да биде исцрпувачки, вели американскиот психијатар Даниел Амен. Тој тврди дека можеме да направиме голема промена ако работиме на самодисциплината.
„Ментално силните луѓе имаат самодисциплина. Тие прават убави работи само за луѓето кои ги третираат со почит“, рече тој во видеото на ТикТок, кое го гледаа речиси 776.000 луѓе.
Амен тврди дека ментално силните луѓе почнуваат да се градат уште во детството.
„За да бидете ментално силни, повеќе треба да забележите што ви се допаѓа кај другите луѓе отколку што не ви се допаѓа. Често размислувам за добри родители, добри тренери и добри учители. Лошите шефови, наставници, професори и родители постојано ги забележуваат негативните работи и никогаш не дозволуваат да ги заборавите. Не бидете такви“, рече тој.