ЧАЈОТ ОД АНАСОН ПОМАГА ПРОТИВ ПОДУЕНОСТА ВО СТОМАКОТ

САД, (Медикал њуз)

Подуеноста е чест проблем кај многумина, без разлика дали е поради неправилна исхрана, стрес, хормонални промени или бавно варење. Чувството на тежина во стомакот може да биде многу непријатно и да влијае на секојдневното функционирање.

Експертите често го препорачуваат чајот од анасон како природна помош за надуеност. Овој благ и ефикасен чај има релаксирачки ефект врз на дигестивниот систем, помагајќи му на телото да се ослободи од вишокот гасови и непријатност, покажуваат истражувањата. Анасонот со векови се користи во традиционалната медицина како лек за дигестивни проблеми.
Освен што ги намалува гасовите, чајот од анасон може да помогне и при грчеви, побавно варење и чувство на тежина по јадење. Неговите антиинфламаторни својства го подобруваат здравјето на цревата, што исто така може да биде корисно за луѓето со чувствителен дигестивен систем. Може да се пие топол или млак, сам или во комбинација со други чаеви како нане или камилица.

За најдобри резултати, се препорачува да се испие шолја од овој чај по поголеми оброци или кога ќе ги почувствуваме првите знаци на непријатност. Може да се пие навечер, затоа што не содржи кофеин.