ЧИСТЕЊЕ НА ЗАБИТЕ СО КОНЕЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Д-р Радмила Димовска

Пишува: д-р Радмила Димовска, доктор – специјалист по ортодонција од ординацијата „КРУНА МС“

1. Традиционален конец

Откинете околу 30 сантиметри и поголемиот дел од едниот крај намотајте го на прстот од едната рака, додека на прст од другата рака намотајте помал дел од другиот крај. Движете го конецот напред-назад во правец надолу. Ако конецот се извалка многу, или пак се излиже, едноставно одмотајте конец од прстот каде претходно намотавте поголема должина. Искористениот и извалкан дел намотајте го на прстот од спротивната рака. Овој начин на чистење на забите со конец е помалку нетактичен и временски неекономичен, но доста ефикасен. По употреба конецот се фрла во корпа за отпадоци.

2. Чепкалки со конец се посовремени средства за чистење на забите

Овие помагала ги има во неколку варијанти:
а. чепкалка со конец која се фрла по една употреба
б. чепкалка со конец, која има дршка, како четкичката за заби и глава со конец. Главата со конецот се исфрла по употреба и се заменува со нова
в. дршка со конец, кој се отстранува и заменува со нов по секоја употреба

Со овие помагала забите се чистат со напред назад движења на конецот меѓу забите и слаби странични придвижувања, за да се извади конецот од просторот меѓу забите. Конецот треба внимателно да се придвижи и плитко под непцето од забот. Чепкалките или главите со конец се фрлаат по секоја употреба, како и конецот за рачно чистење на забите, за да се спречи ширење на бактериите, кои може да предизвикаат инфекција на устата за време на следното чистење со конец. ако празнината меѓу забите е малку поголема, како во случај на периодонтална болест, забите се чистат и со четкичка за четкање на просторот меѓу забите. Оваа четкичка личи на минијатурна четка за чистење на шишиња. Постојат три големини, а пациентите ја одбираат онаа која најмногу им одговара на просторот меѓу забите. Четкичката се протнува во просторот меѓу забите на работ на непцето, а потоа се придвижува во правец надвор-внатре неколку пати по ред. На овој начин се чисти пределот кај работ на непцето, кој што тешко се чисти со конецот за заби.