Ако сакате да имате фигура слична на онаа на Кристијано Роналдо, а не на издишана топка и по Светското фудбалско првенство, кое почнува денеска во 17 часот, тогаш се препорачува да задржите едно око на играта, а со другото да внимавате на внесувањето калории.
Фудбалските навивачи низ целиот свет ќе бидат залепени за нивните телевизори во наредните 32 дена и за многумина тоа ќе значи постојано консумирање нездрави пијалоци и грицки.
Експертите за здравје предупредуваат дека негативен ефект од секојдневно гледање фудбал е дебелеењето.
Како последица на внесувањето голем број калории, особено преку засладените пијалоци, за време на големиот број натпревари што се играат во краток временски период, голем број фанови ќе ја зголемат тежината до финалето на 15 јули, предупредува Медицинскиот универзитет во Виена.
Нутриционистката Марија Ваколбингер препорачува разредување на пијалоците, за да се намали внесот на шеќерот.
„Некогаш ќе има и три натпревари во еден ден. Ќе заштедите многу калории ако газирани и овошни сокови замените со шприцер”, вели таа.