По Кејт Мос и Викторија Бекам, поп-пејачката Селена Гомез е најновата мета на навреди на контроверзниот дизајнер Стефано Габана, коосновач на италијанскиот моден бренд „Долче и Габана“.

На колаж фотографии од Селена, објавен на профилот на Модна писта Италија на Инстаграм, Габана искоментира: „Таа е толку грда”.

Корисниците на социјалната мрежа ја нарекоа изјавата на Габана „невкусна“ и „без почит“.

„Не срамете го брендот господине! Вашите заслуги во модата не ви даваат за право да навредувате жена. Ова е толку одвратно“, се дел од реакциите.

Во 2015 година, познати личности како Елтон Џон, Кортни Лав и Рики Мартин го бојкотираа брендот поради навредливите коментари за ЛГБТИ-семејствата.