ШЕСТ ЗДРАВИ УЖИНИ КОИ ИМААТ ПОВЕЌЕ ПРОТЕИНИ ОД ЈАЈЦАТА

САД, (Си-Ен-Ен)

Ужината богата со протеини е одлична за контролирање на гладот ​​помеѓу оброците. Јајцата се често една од најдобрите ужини богати со протеини. Едно поголемо јајце има 6 грама протеини.

Сепак, има и други опции за ужина кои нудат уште повеќе протеини од јајцата. Американските нутриционисти препорачуваат и други намирници кои помалку се користат во секојдневната исхрана како ужина,

Конзервираната морска риба е исто така богата со протеини. На пример, една мала конзерва лосос (75 грама) има 18 грама протеини. Конзервираниот лосос, туната, пастрмката и сардините, чии коски често се ситни и доволно меки за јадење, се исто така извори на калциум и витамин Д.
Свежото сирење има 12 грама протеини во порција од 100 грама. Можеме да додадеме и овошје како јагоди во сирењето за дополнителни влакна или краставици.
Редовното јадење бадеми може да го подобри нивото на холестерол и да го заштити срцето. Порција од приближно 42 грама бадеми, или околу 35 бадеми, содржи девет грама протеини. Од сите јаткасти плодови, бадемите имаат најмногу влакна, витамин Е и калциум.

Кефирот има девет грама протеини на приближно 240 милилитри. Исто така е одличен извор на калциум, фосфор и витамин Д, кои заедно со протеините се важни хранливи материи за здравјето на коските.
Околу 83 грама варен наут имаат повеќе од седум грама протеини. Наутот е и добар извор на железо. За ужина, може и да се пече наутот со зачини по желба. Како протеинска ужина се препорачува и путерот од бадем. Во две супени лажици путер од бадем има приближно седум грама протеини.