ФРАНЦИЈА ПОЧНА ДА ЈА ТЕСТИРА ЗАБРАНАТА НА СМАРТФОНИ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА

Париз, (Јуроњуз)

Во околу 200 средни училишта во Франција оваа недела започна тестирањето на „дигиталниот одмор“ – целосна забрана на мобилни телефони во училниците. Целта е да се намали времето поминато пред екран и борба против онлајн вознемирувањето.

Ако пробата биде успешна, забраната би можела да стапи на сила во сите училишта во јануари 2025. Одлука за тоа ќе донесе идниот министер за образование.

„Ова може да ги навикне учениците да бидат без телефони по цел ден и да ги научи да живеат поинаку дури и за време на одмор, наместо секогаш да бидат на нивните телефони“, изјави Фабијан Леру, сувервизор во едно средно училиште во јужното предградие на Париз.

Откако учениците ќе ги предадат пред почетокот на наставата, телефоните се складираат во актовки и таму остануваат за време на часовите. Училиштата сами ги купиле овие актовки, кои чинат по 60 евра.

Ако забраната се прошири низ целата земја, тоа ќе ја чини државата околу 125 милиони долари за сите 7.000 средни училишта, објавија француските медиуми.

(Фото: Икс)