Истражување за просечниот број работни часови и денови откри кои држави во Европа го имаат најздравиот баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Спроведено од меѓународната компанија за здравствено осигурување „Вилијам Расел“, тоа покажа дека најдоброто место за преселба на семејството е Германија, каде што има просечни 178 работни денови, односно 1.341 работен час годишно.
На второто место е Данска, каде што годишно се работат околу 182 дена, односно 1.372 часа, па следува Норвешка со 189 работни дена, односно 1.425 работни часа.
Во првите десет уште се Холандија, Шведска, Австрија, Исланд, Луксембург, Финска и Турција.
(Фото: Шатерсток)