ЈАДЕЊЕТО ТЕМНО ЧОКОЛАДО ПЕТПАТИ НЕДЕЛНО ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ДИЈАБЕТЕС ТИП 2

САД, (Гарддијан)

Јадењето неколку парчиња темно чоколадо петпати неделно може да помогне да се намали ризикот од развој на дијабетес тип 2, покажа ново истражување.

Студијата опфатила 192.000 возрасни кои не биле дијабетичари, кои пополниле серија прашалници за нивните навики во исхраната, вклучувајќи колку и каков вид чоколадо јадат. Приближно 19.000 луѓе до 34 години развиле дијабетес тип 2. Луѓето кои јаделе 28 грама каков било вид чоколадо најмалку петпати неделно имале 10 проценти помали шанси да развијат дијабетес тип 2 отколку учесниците кои ретко или никогаш не јаделе чоколадо.

Но, кога истражувачите повнимателно проанализирале група од околу 112.000 учесници кои дале подетални информации за тоа каков тип чоколадо јаделе, откриле намалување на ризикот од дијабетес само кај оние кои јаделе темно чоколадо. Луѓето кои јаделе темно чоколадо најмалку петпати во неделата имале 21 процент помали шанси да развијат дијабетес тип 2. Спротивно на тоа, млечното чоколадо не било поврзано со намалување на ризикот, туку со зголемување на телесната тежина

Стручњаците велат дека темното чоколадо е поздрава опција за љубителите на чоколадото.

„Поголемото количество на какао и полифеноли во темното чоколадо може делумно да ги неутрализира негативните здравствени ефекти на шеќерот и заситените масти кои вообичаено се наоѓаат во секој вид чоколадо“, вели нутриционистот Тоби Амидор.