Светот е опседнат со диети и со губење на тежина, но малкумина знаат каде исчезнува еден килограм маснотија. Дури и 50-те доктори, нутриционисти и лични тренери кои биле анкетирани имаат сериозен јаз во нивното знаење.
Најпознатата заблуда е дека маснотијата се трансформира во енергија. Проблемот со оваа теорија е што таа го нарушува законот за зачувување на материјата, што го почитуваат сите хемиски реакции.
Некои кажаа дека маснотијата се претвора во мускули, што е невозможно, а други претпоставуваа дека излегува преку дебелото црево. Всушност, само тројца од испитаниците дадоа точен одговор.
Точниот одговор е дека маснотијата се претвора во јаглерод диоксид и вода. Првото го издишуваме, а водата се меша во циркулацијата и се исфрла преку урината. Ако изгубите 4,5 килограми маснотија, 3,8 излегуваат преку белите дробови, а останатите 0,7 се претвораат во вода. Со други зборови, речиси целата тежина што ја губиме ја издишуваме.
Преку дебелото црево несварено се исфрлуваат само диеталните влакна, како пченката. Сѐ друго што ќе проголтате е апсорбирано во крвотокот и во органите, а потоа го издишувате. Издишуваме 200 грама јаглерод диоксид додека спиеме.
Ако маснотијата се претвора во јаглерод диоксид, може ли со повеќе дишење да ослабнеме?
За жал, тоа не е можно. Вдишување и издишување повеќе од потребното се вика хипервентилација, од што може да ни се слоши или да се онесвестиме. Единствениот начин да го зголемите количеството јаглерод диоксид кој го произведува вашето тело е со движење на мускулите. Пешачењето трипати ја зголемува стапката на метаболизмот, исто така и готвењето и чистењето со правосмукалка.