КАКО ДА ЈА НАДМИНЕТЕ ЗИМСКАТА MЕЛАНХОЛИЈА

Лондон, (Хафингтон пост)
Thoughtful woman at home - copyspace

Нормално е да се чувствувате изнемоштено и без енергија во зимскиот период, со кратките денови.

Меѓутоа, чувствата на меланхолија и депресија можат да се појават и како резултат на недоволната активност, промените во диетата или вежбањето, стресот од празниците, како и од финансиските или семејните проблеми.

Доколку се препознавате во овие карактеристики, ви препорачуваме неколку начини како да го промените вашето расположение.

Изложете се секој ден на природна светлина

Природната сончева светлина помага во регулацијата на циклусите на спиењето. Taa го олеснува лачењето на серотонинот во телото, што го подобрува расположението. Создадете си навика да поминувате најмалку 20 минути надвор, дури и кога нема сонце. Пешачете до работа наутро, појадувајте на тераса или искористете ја дневната пауза за прошетка низ населбата.

Сонот нека ви биде приоритет

Недоволното спиење или немирниот сон можат да бидат поврзании со чувството на депресија. Затоа се препорачуваат седум до осум часови квалитетен сон секој ден. Без изговори. Освежувачката природа на спиењето и редовниот циклус на спиење го стабилизираат расположението.

Раздвижете се секој ден најмалку 15 минути

Лесно е да го прескокнете вежбањето во зимските месеци, но тоа навистина ја враќа енергијата. Десет минути вежбање го подобрува расположението и ги намалува чувствата на анксиозност.

Доколку не постигнувате да направите сесија на интензивно потење секој ден, одвојте 15 минути за склекови или вежбања со скокање пред утринското туширање, една брза попладневна прошетка или за вечерна јога.

Осветлете ја вашата спална соба или канцеларија

Уредувањето на вашата средина помага во балансирањето на емоциите и подобрувањето на расположението. Ако ви претставува тешкотија да станете наутро, осветлете ја собата со вештачка светлина, но со природна нијанса. Друг совет е да држите растенија.

Преиспитајте ја вашата дневна диета

Тестата за појадок или брзата храна можат да ви дадат чувство на инстантно задоволство, но редовното внесување на ваквиот тип на храна може да ви го наруши психичкото здравје.

Ова не значи дека треба целосно да се воздржите од вашите омилени јадења. Но, правете мали промени отстапувајќи од процесираните јадења, заменете ги газираните сокови со вода, ограничете го алкохолот и вклучете зеленчук и зрна во секој оброк.

Поминете време со вашите друштво и семејство

„Емоционалната светлина“ значи врзување за други луѓе. Бидете со луѓе и пробајте да не седите дома сами.

Социјалната интеракција го поттикнува позитивното расположение, бидејќи присуството меѓу луѓе помага во постојаното активирање на вашите ум и емоции.