Откако пред две години престана да пие, Кит Ричардс објави дека се откажал од уште еден долгогодишен порок.

Легендарниот гитарист на „Ролинг стоунс“ објави дека ги оставил цигарите на 76 години, откако претходно кажа дека „откажувањето од никотин му одело многу потешко отколку откажувањето од хероин“.

Ричардс, кој со децении беше заштитен знак на слоганот „секс, дрога и рокенрол“, кажа дека нема запалено цигара од октомври.

„Завршив со тоа. Откажувањето од хероинот беше пекол, но краток пекол. Цигарите се секогаш тука и цело време пушиш. Едноставно ја земаш цигарата и ја палиш, без многу да размислиш за тоа. Во последниот период пред да се откажам успеав драстично да ги намалам“, кажа Ричардс.

Тој вели дека завршил со тешки работи и сега само си дозволува чаша вино со јадење или пиво-две.