ПИЕЊЕТО СЛАТКИ ПИЈАЛАЦИ МОЖЕ ДА БИДЕ ШТЕТНО ЗА СРЦЕТО, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИТЕ ЛЕКАРИ

САД, (Си-Ен-Ен)

Пиењето два или повеќе литри вештачки засладени пијалаци неделно го зголемува ризикот од неправилно чукање на срцето наречено атријална фибрилација, покажа нова студија. Многумина ја опишуваат атријалната фибрилација како треперење на срцето.

Зачестено пиење пијалаци со додаден шеќер го зголемува ризикот од оваа состојба за 10%, додека пиењето на околу 100 милилитри незасладени сокови, како сок од портокал или зеленчук, носи 8% помал ризик од атријална фибрилација, покажа студијата.

„Сè уште ни требаат повеќе истражувања за овие пијалаци за да ги потврдиме овие наоди и целосно да ги разбереме сите здравствени последици“, рече Крис Етертон од Американското здружение за срце.

„Водата секогаш е најдобриот избор, но врз основа на оваа студија, засладените пијалаци треба да се ограничат или да се избегнуваат“, додаде таа.

Речиси 40 милиони луѓе ширум светот живеат со атријална фибрилација, од кои шест милиони во САД.

Фото: Гети