ПОРНО ЅВЕЗДАТА АСА АКИРА СТАНА ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА БРЕНД ЗА ПРОИЗВОДИ ЗА МАЈКИ И БЕБИЊА

САД, (Њујорк Тајмс)

Познатата порноактерка Аса Акира е заштитно лице на брендот за производи за мајки и бебиња „Фрида“. Акира снима едукативни видеа за производите на брендот.

Во ново видео Аса Акира лежи на кревет гола од колковите надолу и со раширени нозе. Потоа посегнува по малку лубрикант и долг, заоблен апарат.

„Можеби ќе сакате да го вметнете, но тоа не е идејата“, вели таа.

Акира рекламира масажер за перинеум, дизајниран да им помогне на бремени жени нежно да ја истегнат областа меѓу вагината и ректумот (Фото: А. Дракер)

Апаратот е масажер за перинеум, дизајниран да им помогне на трудници нежно да ја истегнат областа меѓу вагината и ректумот. Некои студии покажуваат дека масирањето на оваа област може да помогне да се намали ризикот од кинење за време на породувањето, но потребна е одредена умешност за да се користи апаратот.

Видеото е објавено на веб-страницата на брендот, заедно со серија други експлицитни видеа. Во едно од нив, Акира дава инструкции како да се вметне чаша дизајнирана да помогне при зачнувањето со држење на спермата блиску до грлото на матката. Во друго, таа демонстрира како да се направи масажа на градите за проток на млекото користејќи друг производ на „Фрида“, бренд кој постои 10 години.

Брендот стана популарен откако произведе цевка за вшмукување слуз од затнат нос на доенчиња. Производи на „Фрида“ сега ги има во 30.000 продавници низ Америка.

„Заслужуваме да знаеме за нашите тела. Како млади жени не знаеме ни како да ставиме тампон, освен ако мајка ни не ни покаже“, вели Акира.