ПОВАЖНО Е РЕДОВНО ДА ВЕЖБАТЕ ОТКОЛКУ ДА ДРЖИТЕ ДИЕТА, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ

Њујорк, (ДПА)

Надминувањето на здравствените проблеми поврзани со тежината зависи многу повеќе од напорното вежбање отколку од намалувањето калории, стои во ново американско истражување.

Иако вишокот килограми придонесува за дијабетес и срцеви заболувања, начинот на исхрана не е одговор за тројното зголемување на проблемот со дебелината во светот, што се забележува од средина на 1970-ите до денес. Истражувачите укажуваат дека зголемувањето на физичката активност и подобрувањето на кондицијата се супериорни во однос на губењето на вишокот килограми.

„Спремни и здрави тела доаѓаат во сите облици и големини“, вели Глен Гесер од Универзитетот на Аризона.

Се проценува дека околу две милијарди луѓе имаат прекумерна тежина, од кои 600 милиони се категоризирани како дебели, според Светската здравствена организација.

„Телесната тежина е наследна особина и губењето килограми е поврзано со метаболички промени, што на крајот го спречуваат одржувањето на килограмите“, вели Сидарта Ангади од Универзитетот на Вирџинија.