РАБОТНИЦИТЕ ВО БЕЛГИЈА ЌЕ ИМААТ ПРАВО ДА РАБОТАТ ЧЕТИРИ ДЕНА НЕДЕЛНО

Брисел, (Јуроњуз)

Белгијците ќе имаат право да изберат да работат четири дена во неделата без да им се намали платата. Ова е дел од планираните владини реформи на законите за работни односи, поттикнати од пандемијата на ковид-19.

Компаниите ќе можат да го одбијат барањето на работникот за тридневен викенд, но тоа ќе мора да го оправдаат написмено.

Исто така, работниците ќе имаат право да ги игнорираат повиците и пораките поврзани со работа по истекот на работното време, без страв дека ќе бидат казнети. Тие ќе можат да бараат и променливи работни распореди, за што ќе треба да го известат работодавецот седум дена однапред.

„Искусивме две тешки години. Со овој договор, поставуваме темел на економија која е поиновативна, поодржлива и подигитална. Целта е луѓето и бизнисите да се направат посилни“, кажа белгискиот премиер Александер де Кро.

Претворањето на реформите во закон би можело да трае со месеци.

Четиридневна работна недела беше тестирана на Исланд од 2015 до 2019 и потоа 85% од работното население избра да работи на тој начин.