ШВЕДСКА КОМПАНИЈА ГРАДИ ФАРМИ ВО СУПЕРМАРКЕТИ СО КОИ САМИ ПРОИЗВЕДУВААТ ХРАНА

Стокхолм, (Јуроњуз)

Шведската компанија „Свегрин“ (SweGreen) гради вертикални фарми во рамките на супермаркети како еколошки начин на производство на овошје и зеленчук. Оваа опција, која засега е достапна во Шведска и Германија, се смета за одговор на недостиг на вода и земјоделско земјиште.

Локалното производство исто така ги намалува штетните емисии од превозот, дава подолг рок на траење на производите и го подобрува нивниот вкус.

Вакви фарми го користат таканаречениот хидропонски метод, каде што растенијата се одгледуваат во приклучоци од камена волна во вода без земја. Секоја платформа за одгледување може да произведе количество храна еднакво на три хектари земјоделско земјиште. Муштериите можат да видат како растенијата растат и сами да земат производи од полиците.

Супермаркетите имаат пекарници, на пример. Но, сега можат и сами да одгледуваат храна“, изјави Сепер Мусави, шефот на „Свегрин“.

Моментално, фирмата може да одгледува до 100 различни вида земјоделски култури.