СТОЛИЦИ НА КЛАЦКАЊЕ СЕ ХИТ МЕЃУ ПАРЧИЊАТА МЕБЕЛ ЗА ГОДИНАВА

Берлин, (ДПА)

Столици на клацкање често се синоним за детство и затоа не е чудо што во овие стресни времиња луѓето се опседнати со ова парче мебел.

Според анализата на германска групација за мебел, столици на клацкање, висечки фотелји, лулашки за трем и хамок нишалки се голем хит меѓу купувачите годинава.

„Овие парчиња мебел им нудат на луѓето удобно место за бегство од сѐ, место за релаксација. Исто така, клучна улога имаат спомените од детството“, вели портпаролката на групацијата Кристине Шаренброх.

Седејќи или лежејќи на нив, луѓето имаат чувство дека се на одмор, што, како што додава таа, е особено значајно во оваа година на коронакриза.