Познато е дека стресот може да има негативни влијанија врз емоционалното и физичкото здравје и дека го зголемува ризикот од анксиозност, депресија и прекумерна тежина. Особено жените во денешните времиња имаат тенденција да имаат повисоко ниво на стрес и, можеби, ова е причината за тоа.
Новото истражување на Универзитетот Бирмингам Јанг укажува дека жените се поподложни на стрес, бидејќи нивните стомачни микроорганизми реагираат поразлично отколку кај мажите.
Истражувањето било спроведено врз голема група машки и женски глувци, од кои половина конзумирале храна со премногу масти, а на останатите им била давана храна со нормално ниво на маснотии. Сите глувци биле ставени во неколку исти стресни ситуации.
Додека женските глувци нахранети со „брза храна“ покажале пониска стресна реакција од машките, кај глувците кои се хранеле нормално, женските покажале поголемо ниво на стрес. Иако истражувањето било спроведено врз глувци, се смета дека истото може да важи и за луѓето, имајќи предвид дека функционирањето на нивните организми се доста слични.