Не постои ништо пофинско од сауна. Финската култура на одење во сауна сега е додадена на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

„Капењето во сауна е интегрален дел како на секојдневниот живот, така и на прослави. Тоа е животен стил на Финците и знак на благосостојба. Ова ќе ја направи културата на сауни уште попозната низ светот“, изјави финската министерка за наука и култура Аника Сарико.

Како што забележува УНЕСКО, сауните се наоѓаат дома или како јавни места, ги има во сите димензии и облици и можат да се загреваат на струја, дрва или да бидат инфрацрвени.

„Сауните се важен дел од финската култура. Тие се сметаат за свети места, тие се како цркви на природата. Луѓето тука си ги прочистуваат телото и умот и постигнуваат чувство на внатрешен мир“, соопшти УНЕСКО.

Во земјата со 5,5 милиони жители, 90% од нив одат во сауна барем еднаш неделно. Низ Финска има 3,2 милиона сауни. Традиционално, саботите беа ден за сауна, но Финците сега одат кој било ден.

Во 2018 година, магазинот „Тајм“ ја вклучи јавната сауна Löyly во Хелсинки на листата на најдобрите места на светот.