Повеќето од нас го загрозуваме нашето здравје со долгото седење на работа, пред компјутер или на биро. Можеби сте слушнале за изреката „седењето е новото пушење“, што е поддржано од скорешното признание од медицински експерти дека долгото седење ги зголемува проблемите, како срцеви заболувања, дијабетес и рак.

„Постојат повеќе начини да го воведете движењето во вашата канцелариска рутина“, вели Натали Лоцман, амбасадор на INQA, германска иницијатива која бара работните места да бидат поздрави, помотивирачки и попривлечни за вработените.

Еден од начините е да се избегнува да се седи додека се прават некои активности.

„На пример, ако стоите додека зборувате на телефон и се наведнете да ги допирате прстите на нозете, ја спречувате појавата на болка во грбот и вратот. Доколку имате можност за излезете надвор за време на пауза, прошетајте се и истегнете се“, вели Лоцман.

Таа додава дека и работодавачот треба да обезбеди поволни услови за долгото седење да не претставува проблем.

„Канцелариската опрема треба да биде ергономска. Масите и столиците треба да можат да се поместуваат во висина, за да можат да се одморат рацете и рамениците“, вели Лоцман.