КАФУЛЕ ВО ЊУЈОРК НУДИ МОЖНОСТ ДА СЕ ВЕЖБА ЈОГА СО МАЧКИ

Њујорк, (Гардијан)

Бруклин кет кафе“, кафуле во Њујорк кое во исто време е и прибежиште за мачки, сега на своите гости им нуди нова можност, да вежбаат јога со мачки.

Оригинално отворено во мај 2016 година, кафулето неодамна се пресели на многу поголема локација и отсега организира и часови по јога, во коишто учествуваат и неговите домаќини – мачки.

Кафулето го води непрофитна организација за заштита на животни, чија мисија е да спасува њујоршки улични мачки, нудејќи простор, кадешто љубителите на мачки ќе можат да се дружат со нив и ако имаат можност, да ги посвојуваат. Кафулето досега помогнало над 1.000 мачки да пронајдат нов дом, 76 од почетокот на годината.

За доаѓање во кафулето пожелно е да се има резервација, а за получасовна посета се плаќа влезница од седум долари.