СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН ТРЕНИРАЛА КАКО ОЛИМПИЕЦ ЗА ДА ГО ДОБИЕ СОВРШЕНОТО ТЕЛО НА БЛЕК ВИДОУ

Њујорк, (Холивуд рипортер)

Пред да почне да ја игра Блек Видоу во серијалот „Одмаздници“, Скарлет Јохансон признава дека никогаш не стапнала во вежбалница.

„Фитнесот е еден од најдобрите подароци што сум ги добила од работата со ‘Марвел‘. Сега сум посилна и поспособна од она што бев пред десет години и неверојатно е што можам да го кажам тоа“, вели 34-годишната Јохансон, која повторно е актуелна со овој лик откако пред неколку дена излезе „Одмаздници: завршница“.

Таа веќе десет години тренира со Ерик Џонсон, коосновач на елитната фитнес компанија од Њујорк, „Хомиџ“, кој има работено и со други холивудски ѕвезди.

„Што е Блек Видоу способна да направи? Да крене 200 килограми“, вели Џонсон.

И во пресрет на „Одмаздници: завршница“ Јохансон беше подложена на брутални тренинзи, налик на оние што ги имаат професионални спортисти кога се подготвуваат за големи натпреварувања.

„Сакавме Скарлет да дојде што поблиску до физичките особини на ликот што го игра. Тоа значеше нема цигари, повеќе од четири часови спиење ноќе и секојдневно трчање неколку километри“, вели Џонсон.

Тој во нејзините тренинзи вклучи и олимписко кревање тегови, гимнастика, јога, борење, пилатес и разни вежби. Јохансон мораше да се придржува и до строг режим на исхрана, кој вклучи 12-часовно постење, од 21 до девет часот наредниот ден.

Скарлет не ја интересираше губење тежина, туку само изведбата и костимот да ѝ одговара. На нејзиното лице не се гледаше никаква болка додека вежбаше“, додаде Џонсон.