Одредени видови месо, особено оние богати со натриум, заситени масти и конзерванси, можат да придонесат за хипертензија, да го подигнат нивото на холестерол и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Експертите предупредуваат дека некои видови месо можат да имаат штетно влијание врз кардиоваскуларниот систем и треба да се јадат умерено или да се избегнуваат.
Иако се лесни и брзи за подготовка, виршлите се еден од најлошите видови преработено месо за здравјето на срцето.
„Тие се богати со заситени масти и натриум, што може да придонесе за развој на срцеви заболувања“, вели кардиологот Мајкл Рос Мекдоналд.
Сланината е исто така меѓу најнездравите преработени месни производи. Покрај тоа што содржи голема количина на заситени масти и натриум, може да има и дополнителни негативни здравствени ефекти. Американскиот кардиолог Леонард Ганц предупредува дека црвеното месо како сланина може негативно да влијае врз вашиот липиден профил и може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и дијабетес тип 2.
„Преработеното месо како сланината и колбасите содржи нитрати, што може да го зголеми крвниот притисок“, вели Ганц.
Многумина го избираат пилешкото како поздрава алтернатива на црвеното месо, но начинот на подготовка тука игра клучна улога. Прженото пилешко носи бројни здравствени ризици зашто содржи многу високи количини на воспалителни заситени масти, калории и натриум. Овие масти можат да го зголемат „лошиот“ холестерол, што доведува до затнување на артериите и зголемен ризик од срцеви заболувања. Дополнително, прекумерниот внес на натриум може да го зголеми крвниот притисок. Ова е причината зошто се препорачува да се јаде печено пилешко наместо пржено.
(Фото: Гети)