Виршли по ѕидовите, колбаси над креветите, ножеви низ ходниците се ентериерот на хотелот „Бебел“ во јужна Германија. Хотелот со седум соби е идеја на месарот Клаус Бебел и се наоѓа во баварскиот град Георгенсмунд.

Клаус Бебел го отвори хотелот веднаш до неговата месарница (Фото: Гети)

Гостите во собите ги пречекуваат ѕидови со дизајни од колбаси во разни бои, над креветот висат колбаси, а перницата е во форма на виршла. Во една од собите се обесени ќеси со свежо месо и маст, наменето за најтврдокорни фанови на колбаси.

Бебел е повеќе од свесен дека неговиот хотел нема да биде прв избор на вегетаријанците.

„Спротивставувањето е мојот бизнис модел. Гостите или ќе речат дека е ‘кул’ или ‘никогаш повеќе’“, вели 48-годишниот Бебел и задоволно додава дека засега има голем број резервации.

Негова цел е да привлекува гости кои се заинтересирани да ги  откриваат тајните на Баварија, како и за часови по готвење и семинари за подготвување виршли.