Научници од Универзитетот во Гент (Белгија) експериментираат со маст од ларва како замена за путер во вафли, торти и колачи. Тие велат дека масти од инсекти се еколошки поодржливи од секојдневните млечни продукти.

Истражувачите ги ставаат ларвите во сад со вода, па во блендер за да добијат мазна смеса и потоа со помош на друг миксер го издвојуваат путерот.

(Фото: Ројтерс)

„Има повеќе позитивни аспекти од користењето на состојки од инсекти. Тие се еколошки поодржливи бидејќи не им треба земја како на животни и користат помалку вода“, вели Цомпа Соса, која прави торти од путер од инсекти.

Храната од инсекти содржи високо ниво на протеини, витамини, влакна и минерали и научниците низ Европа сѐ повеќе се во потрага по еколошки и поевтини алтернативи за продукти од животинско потекло.