Кизомба, што значи „забава“ на кимбунду, еден од локалните јазици во Ангола, е танцов и музички правец кој се развил во 1980-ите во главниот град Луанда и постепено станал дел од културниот идентитет на земјата.

Танцот има доста сличности со јужноамериканска салса и се одликува со бавен, мек и сензуален ритам. Иако текстовите најчесто се на португалски јазик, танцот станува сѐ попопуларен и се шири и надвор од земјите со португалско говорно подрачје.

„Овој танц е прекрасен и забавен начин за поврзување на луѓето. Движењето, стилот, луѓето, тоа е повеќе од комуникација лице в лице, повеќе од танц“, вели 35-годишниот Савио Маскарењас.

Анголците веруваат дека кизомба танцот може да го зголеми туризмот во земјата, исто како што тангото привлекува туристи во Аргентина.

„Навистина е убаво што странците ја прифаќаат нашата култура. Има голем број странци кои би сакале да дојдат во Ангола да научат да танцуваат и тоа би требало да знаеме да го искористиме“, вели професионалниот танчар Марли Баптиста.