Во изборот на дестинација за патување, на туристите им се битни културно-историските знаменитости, на некои ноќниот живот, фестивал, но за повеќето патници, најинтересен дел од секое патување е храната.
„Тајм аут“ (Time Out) направи нова ранг-листа на градови во светот со најдобра храна.
„Храната е сѐ кога патувате. Добар или лош оброк може да го подобри или расипе патувањето. Тоа најчесто е една од работите по кои го паметиме патувањето“, вели уредникот на „Тајм аут“, Грејс Биард.
Италијанскиот град Неапол е на прво место на оваа ранг-листа, или градот кој се смета за родното место на пицата.
Пицата „маргарита“ е наведена како „храна која мора да се проба“, но не се изоставени нити тестенините нити десертите.
За да ја состави листата, „Тајм аут“ анкетираше илјадници жители на градови низ светот, прашувајќи ги овие локални жители за опциите за храна во нивниот град, со фокус на квалитетот и достапноста.
На второ место е Јоханесбург, Јужна Африка, а на трето, Лима во Перу.
Фото: Il Pizzaiolo