Од денеска до четврток, во 12 локали низ Скопје, по вторпат ќе се одржува Скопската коктел недела. Во баровите ќе се служат седум видови на коктели, карактеристични за пролетните и летните месеци.

Настанот го организира компанијата „Гемак“, која е застапник на светски познати брендови во Македонија.

Оттаму велат дека изминатиов период организираа работилница, на која ги едуцираа сопствениците на локалите и бармените на теми како раководење на бар, однесување со гости, улогата на социјалните медиуми при промовирање на содржините во еден бар и улогата на квалитетно креирано мени.

Тие најавуваат и есенско-зимско издание на Скопската коктел недела.