Швајцарскиот производител на чоколада „Бери Калебо“ отвори студио за 3-Д печатење на десерти, што ќе им овозможи на готвачите да создаваат оригинални дизајни кои потоа можат да се репродуцираат.
Неговиот глобален бренд за декорирање „Мона Лиза“ стои зад она што е опишано како „прво 3-Д печатење на персонализирани чоколада на светот“. На тој начин, готвачите можат да развиваат сопствени уникатни креации, што потоа можат да се добијат во сакани количества благодарение на напредната технологија на печатење.
„Студиото ‘Мона Лиза‘ ви овозможува да ги воодушевите вашите гости или муштерии со досега невидени чоколадни искуства, како и со иновативни облици и дизајни што досега беа невозможни да се произведат. Ова е прво студио на светот во кое вашите креации и дизајни со 3-Д печатење се претвораат во вкусни чоколада“, вели студиото.