Њујоршки ресторан, во соработка со ТВ-ѕвездата Џонатан Чебан, воведе необично и уникатно јадење во своето мени – пилешки крилца со 24-каратно злато.
Еве како се создала таа магија: крилцата се маринираат 12 часа во путер од кокос и лути пиперчиња, потоа се премачкуваат со мешавина од зачини, по што се печат и пржат. На крајот на овој процес, крилцата се обложуваат со слој од златна прашина.
Колку и да изгледа луксузно, нема да банкротирате ако го нарачате ова јадење: порција со десет крилца чини 45, а со 20 крилца – 90 долари.
Има и посебна понуда со 50 крилца и со шише шампањско од брендот на Џеј Зи, „Ејс оф спејдс“, која чини 1.000 долари.
„Сакавме да создадеме нешто уникатно и претерано што никој не го направил досега. Нешто што никој не го видел, ни пробал. Мислам дека успеавме во сето ова“, изјави Брајан Маца, сопственикот на ресторанот „Ејнсворт“, што се наоѓа во Бронкс.