СЕНДВИЧ СО СЛАДОЛЕД – НОВ ПОЈАДОК НА МЕНХЕТН

Њујорк, (ДПА)

Италијански ресторан во Њујорк почна да служи за појадок сендвичи со сладолед од чоколадо, ванила и од јагода. Сладоледот e поставен во погачица и прелиен со џем од јагода.

Новата понуда во ресторанот за брза храна „Паста флаер“ на Менхетн се служи секој работен ден од осум часот наутро.

Иако звучи како американски изум, овој оброк е карактеристичен за кулинарската традиција во Италија, поточно на Сицилија. „Бриош кон џелато“ е омилен појадок во летните месеци. Италијанскиот бриош е помал и потврд од францускиот вид.

Сопственикот на ресторанот Марк Ладнер планирал да ги служи сендвичите само наутро, но побарувачката е толку голема што одлучил да ги нуди во текот на целиот ден.